Мареј: Нашата игра до тајбрејкот не сугерираше дека ќе го добиеме натпреварот

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Енди Мареј оствари неочекувана победа со Ден Еванс во конкуренција на машки двојки на олимпискиот тениски турнир и рече дека никогаш не помислил дека ќе забележи нова победа. Двајцата направија пресврт и изедначија во вториот сет, а потоа спасија пет меч топки и ги освоија последните седум гејма за конечни 2:6, 7:6(5), 11:9.

„Нашата игра до тајбрејкот не сугерираше дека ќе го добиеме натпреварот. Јас лично знаев дека не се претставив доволно добро. Ево одигра подобро, но и двајцата сме навикнати да правиме многу повеќе. Сепак, на крајот се се смени и ние остваривме пресврт“, рече Мареј, цитиран од агенцијата АП.

„Во текот на мојата кариера имав многу пресврти и победив натпревари кои не требаше да ги победам. Понекогаш менталната стабилност е најважна работа и горд сум што го покажавме тоа. Сум се врќал и од два сета заостанување и секогаш давав се од себе за да победам“.

Мареј го најави своето пензионирање пред три недели на Вимблдон.

„Сакав Олимпијадата да биде последниот турнир во мојата кариера, а не Вимблдон. Ми се допаѓа да бидам дел од сето тоа. Чувството е тотално различно од било што друго и само Дејвис Купот е блиску, но не и по големина. Додека одам околу Олимпиското село, јасно ми е колку сето ова ќе ми недостига, навистина е посебно“, додаде тој.

Слични содржини