Porsche 992 GT3 RS е уште поаеродинамичен благодарение на новиот карбонски пакет

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Porsche 992 GT3 RS доби нов карбонски пакет наречен 3RS Carbon Replacement Program благодарение на соработката на 1016 Industries и 9 Design.

Напред и назад се новите „лип“ спојлери со вертикални разделници, како и извајана хауба, а има и „поголеми“ лакови на тркалата и нови куќишта на страничните ретровизори.

Автомобилот доби потенки носачи на покривот и подобрени странични доводи, додека пониско позициониран дифузер „соработува“ со новите врвови на задните крила.

Компонентите се монтираат без потреба од сериозни модификациски работи и во основа можат да ги заменат сите оригинални пластични делови со карбонски. Клиентите ќе имаат избор на сјајна или сатенска завршница.

Сепак, немаше механички промени, па атмосферскиот 4.0-литарски мотор се уште е поврзан со седумстепен автоматски менувач. Моторот развива 510 КС и вртежен момент од 470 Nm.