Ќе доцни исплатата на средствата за „;Мој ДДВ“

од Nikola Popovski
112 прегледи

Новата директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова информира дека ќе доцни исплатата на средствата за „Мој ДДВ“, се додека не биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година.

Според неа, во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата. Потенцира дека неопходно е да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје.

Комисијата за финансирање и буџет ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. Поднесени се 58 амандмани од СДСМ, ДУИ И Левица.

Во текот на расправата власта и опозицијата со различни ставови за тоа дали буџетот е развоен, дали се крати од капиталните инвестиции, според опозиција се намалени парите за проектите за развој на образованието и здравството. Опозицијата пак ја обвини новата власт дека овој ребаланс е показател дека Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата.

Претставникот на Владата заменик-министерот за финансии посочи дека во ребалансот се предвидени средства за законските обврски, кои биле проектирано но пари немало предвидени пари за социјалната заштита, за плати, пензии или за инфраструктура.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Ребалансот на Буџетот треба да се изгласа некаде кон средината на месец август.

Слични содржини