Снимката на која се гледа бело куче кое го малтретирале тинејџери во парк во Јагодина, предизвика револт и шок во Србија.
На видеото се гледа бело куче покриено со црвена и зелена боја, кое било забележано во паркот на Гимназија. Граѓанка од Јагодина, која случајно се нашла во паркот, решила да му помогне на несреќното животно. Според информациите на страницата „192_rs“, таа била сведок на вандализам и мачење на куче.
„Пред неколку часа, во паркот на гимназијата во Јагодина, група тинејџери на околу 16 години прво вандализирале градски имот, а потоа сурово се однесувале кон кучето, шарајќи го по телото, што е снимено во приложеното видео“, се вели во објавата.
Граѓанката веднаш ја известила полицијата, но не била задоволна од нивната постапка.
„Ја известивме полицијата, но двајцата дежурни пристигнаа дури по 20-тина минути. Тие само ја растурија групата со коментар: „Што е чудно, ова е Јагодина“. Сакам ова да биде објавено анонимно за да им се покаже на луѓето состојбата во помалите градови Не е важно што ‘ова е Јагодина’, не смееме да замижуваме пред вакви случаи“, вели анонимната Јагодинка.
View this post on Instagram