Пожар избувнал утрово во депонија во Дојран при што биле зафатени три куќи, информира директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што соопшти Ангелов, се врши евакуација на локалното население и засега нема повредени лица.
Заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов побара пожарникарите служби од околните градови да помогнат во справувањето со огнот.
-Итно барам да понесе одговорност за градоналникот на општина Дојран, Анго Ангов затоа што дојранската депонијата била заклучена и оставена без чувар и запалена, а поради тоа екипите на ТППЕ не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат првичниот пожар кој пред малку излегол од депонијата кон м.в. Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола, објави Михаилов.