Димитриевски: Не сме суштински подготвени да се справиме со пожарите, срамота е веќе да бараме помош од страна

од Milan1
387 прегледи

Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека во следниот период ќе излезат со решенија, рече вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во врска со пожарите во земјава.

Како што истакна Димитриевски во дневникот на ТВ Сител, „срамота е веќе да се бара помош со хеликопетри и друг тип возила од страна, а да не издвоиме сопствени средства за ваква намена“.

Тој и изрази сочувство до семејството на жртвата од пожарот и рече дека дошло до гушење на лицето кое се обидувалео да ја спаси земјоделската механизација.

Вчера, рече Димитриевски, во Куманово имало имало 11 пожари кои биле покриени со 45 пожарникари, а денеска имало седум пожари и сите биле „решени“.

-Според стандардите, треба да имаме околу 100 луѓе, но, за жал, немаме доволно средства. Да не беа денеска тие три „ер трактори“ и дополнително еден хеликоптер, тешко дека ќе локализиравме пожар на 300 хектари површина. Потребни се системски решенија, системски промени, напомена градоначалникот и лидер на ЗНАМ.

Реакцијата што СДСМ ја објави попладнево, дека Владата неспособна да се справи со пожарите, Димитриевски ја оцени како „чиста политика“.

 

Слични содржини