Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, вечерва репортираше за ситуацијата со пожарите низ Македонија.
„Имаме рекорден број на пожари, најмалку 54, активни се 19 кои ќе продолжат да горат, а 35 се целосно изгаснати или целосно ставени под контрола. Најкритично е во Пехчево, каде што пожарот го загрозува селото Негрево. Се прават силни напори да биде воспотавена контрола за да не се шири кон селото Негрево и кон Пехчево. Локалните пожарникари поддржани со локалното население за да не дојде до Пехчево.
Сериозен пожар има и во Куманово, кој го загрозува Живиње иако имам убедување дека селото ќе биде одбрането во текот на вечерта. Во кратовско Татомир има опасност за куќите, се прават напори селото да биде одбрането.
Има тежок пожар на територијата на Македонски Брод, кое претставува закана за две села, кои се евакуирани. На прво место внимаваме да не бидат загрозени човечки животи. Затоа апелирам ако во некои села со малку жители, ако забележат пожар во близина, веднаш да се евакуираат“, рече Ангелов.