📹 ПЕПЕЛ ПАЃА КАКО СНЕГ, СИРЕНИТЕ ЕЧАТ: Пекол во Хрватска, пожарите голтаат сѐ

од Илинка Илиоска
162 прегледи

Во вторникот навечер патниот правец Д 512 во Горњи Тучепи во Хрватска беше затворен поради пожар кој избувна на отворен простор. Сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

– Апелираме до возачите да бидат повнимателни и да ги следат упатствата на полициските службеници на терен – соопштија од полицијата.

Според информациите од терен, местото на пожарот е преполно со пожарникари од Макарска и Омиш, а на помош ќе им дојдат и нивните колеги од Сплит.

Според првите неофицијални информации, жариштето било покрај главниот пат, над куќите, а се наводно настанало од пожар кој избувнал на автомобил.

На едно видео може да се види дека дури и пожарникарите влегле со камион во пожарот.

Застрашувачки пламени јазици може да се видат и од островот Хвар.

Потпомогнати од силно невреме, пожарот продолжува да се шири, жителите на градот се загрижени бидејќи пепелта веќе паѓа врз нив, а сирените се слушаат насекаде.

Јасно е дека на пожарникарите чија помош доаѓа дури од Загреб, во тој крај ги чека непроспиена ноќ.

А во вторникот вечерта едвај животот го спасил градоначалникот на Тучеп, Анте Чобрниќ, кој во последен момент излетал од запалениот автомобил.

Слични содржини