Сè уште се трага по исчезнатиот Томе од Тафталиџе, семејството бара помош

од Nikola Popovski
130 прегледи

Веќе три дена се трага по исчезнатиот Томе Божиновски. Семејството на 85-годишникот од скопската населба Тафталиџе бара помош од јавноста да го најде човекот кој боледува од деменција.

Тој завчера излегол од дома во 05:00 часот, облечен е во жолти шорцеви, тегет маица и сив памучен елек.

Последен пат бил виден кај Соборниот храм.

За било каква информација може да се пише во коментар на постот на социјалните мрежи или јавете се на 192 или на бројот 077633742.

Слични содржини