Блинкен: Вашингтон не бил вмешан во убиството на лидерот на Хамас

од Илинка Илиоска
30 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон не е вмешан во атентатот на лидерот на палестинската организација Хамас, Исмаил Ханије, извршен во Иран.

Ова е нешто за што не сме знаеле, ниту сме биле вклучени, изјави Блинкен при посетата на Сингапур, пренесува Ројтерс.

Ханије живееше во Катар, но отпатува во Иран за да присуствува на полагањето заклетва на новиот шеф на иранската држава.

Блинкен изјави дека САД ќе вложат максимални напори за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на Израелците кои ги држеше Хамас како заложници.

Слични содржини