Тјунинг-компанијата G-Power веќе покажа неколку модифицирани верзии на BMW M4 на почетокот на оваа година, додека сега пристигнува и нивната дотерана M4 CSL.

За почеток, 3,0-литарскиот твин-турбо мотор со шест цилиндри по обработката има 720 КС и 850 Nm вртежен момент, доволно за максимални 320 km/h.

Достапни се и Hurricane RR или Hurricane RS тркала од 20 и 21 инчи (гуми 285/30 и 295/25), посилни сопирачки, изменета суспензија (автомобилот е понизок за 40 mm), хауба со отвори за воздух, аеро каросерија од карбон влакна и рафиниран ентериер (волан со лого G-Power, карбонски влакна, велур патосници…).
