Во Европската унија стапката на невработеност во јуни изнесуваше шест отсто, што е исто како и во мај.
Евростат проценува дека во јуни во Европската унија биле невработени 13,2 милиони луѓе, од кои 11,1 милион биле во еврозоната.
Споредено со податоците од мај, невработеноста се зголемила за 52.000 во Европската унија и за 41.000 во еврозоната.
Ако ги споредиме сегашните податоци со резултатите од јуни 2023 година, невработеноста се зголемила на годишно ниво за 188.000 во Европската унија и за 81.000 во еврозоната.
Стапката на невработеност на младите до 25 години во јуни 2024 година изнесува 14,4 отсто во Европската унија и 14,1 отсто во еврозоната.
Како што се наведува, стапката на невработеност на жените во Европската унија е 6,3 отсто, а стапката на невработеност на мажите е 5,8 отсто.
Висока невработеност е забележана во Шпанија 11,5 отсто, Грција 9,6 отсто, Шведска и Финска по 8,3 отсто, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка 2,7 отсто, Полска три отсто, Словенија и Малта 3,1 отсто…