Манчестер Јунајтед е заинтересиран за левиот бек на Челси, Бен Чилвел, тврди The Sun. 27-годишниот Англичанец минатата сезона одигра само 21 натпревар за лондончани откако имаше многу проблеми со повреди.
Неговата иднина во клубот под водство на Енцо Мареска сега, се тврди, дека е сè понеизвесна. Новиот менаџер користи бекови кои имаат задача да влезат и во средниот ред, со сериозни сомневања дека Чилвел може да биде корисен во таа улога.
Мало Густо и Рис Џејмс досега играа на двете страни од одбраната во предсезоната. Се очекува и враќањето на Марк Кукуреја, кој одлично се претстави за време на Европското првенство. Значи Чилвел, веројатно, е непотребен на „Стемфорд Бриџ“.
Јунајтед на оваа позиција ги има Лук Шо и Тајрел Маласија. Вториот ја пропушти цела сезона поради сериозен проблем со коленото, а Шо беше надвор од терените од февруари до крајот на сезоната. Така, во големи периоди, Ерик тен Хаг немаше типичен лев бек.