ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски нема никакво право и легитимитет да зборува за безбедност и борба против криминалот

од Milan1
59 прегледи

Спасовски и СДС ја оставија државата ограбена и на цедило, 7 години правеа пустош а безбедноста беше нарушена. Оливер Спасовски и СДС 7 години ја демолираа државата, ја ограбија и ја оставија на цедило а безбедноста беше нарушена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Спасовски делеше пасоши на криминалци и бандити а меѓународни акции за дрога и шверц беа пробивани. За време на министерувањето на Спасовски се случија огромни скандали, кражби, и убиства а дрогата царуваше по улиците.

Во време на Спасовски негови началници и командири пренесуваа дрога, од магацините на МВР се крадеше дрога и оружје, се издаваа пасоши на криминалци и нарко босови од Шкаљарски и Кавачки клан, а затвореници бегаа од затвори. Спасовски направи груба политизација на министерството за внатрешни работи.

Во време на Спасовски криминалците на сред бел ден пљачкаа банки, имаше мафијашки престрелки по молови, и многу грабежи и разбојништва.

Спасовски да каже една успешна акција што ја направил додека беше на чело на МВР, нема таква.

Спасовски повеќе од 7 години како министер за внатрешни работи го штитеше криминалот на ДУИ и СДС, на почетокот тоа беа Груби и Заев, а потоа Груби и Ковачевски.

Спасовски нема никакво право и легитимитет да зборува за безбедност, и борба против криминалот, бидејќи меѓународни и домашни извештаи му укажуваа дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите кои треба да се борат против криминалот.

Спасовски директно соработуваше со криминалците и криминалот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини