Скопското Обвинителство отвори истрага против двете лица во бегство кои извршија убиство во Батинци на 1 јули.
50
Скопското Обвинителство отвори истрага против двете лица во бегство кои извршија убиство во Батинци на 1 јули.
Од Обвинителството соопштија дека доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничените којшто ќе почне да се применува кога ќе бидат најдени и приведени.
Двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со „мерцедес“ со германски таблички во кој имале три автоматски пушки, пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат.
Едниот од оштетените го убиле, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале.
До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.