Американскиот претседател Џозеф Бајден го опцул израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на телефонскиот разговор во четвртокот, откако Нетанјаху рекол дека преговорите на Израел за договорот за прекин на огнот со Хамас напредуваат и дека наскоро ќе испрати делегација да ги продолжи преговорите, објави израелскиот Канал 12.
Медиумите не ги споменуваат изворите кои го кажале ова, но посочуваат дека на крајот од телефонскиот разговор Бајден му рекол на израелскиот премиер дека не го зема „здраво за готово“.
Според Канал 12, Бајден го рекол ова во контекст на израелско-американската соработка во потенцијална сеопфатна војна со Иран и неговите сојузници.