Владата потврди: Курти утре ќе се сретне со Мицкоски, точка на дискусија ќе биде и инцидентот со косовската претседателка Османи

од Илинка Илиоска
69 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти утре доаѓа во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Посетата на Курти доаѓа само неколку дека по инцидентот на претседателката Војса Османи на скопскиот аеродром. Средбата, потврдена од Владата, е дел од однапред подготвената агенда фокусирана на клучни билатерални прашања.

Една од главните теми се очекува да биде случајот со косовската претседателка Вјоса Османи. Се очекува Курти да побара детален брифинг за ова прашање.

Според најавите на средбата во влада ќе присуствуваат и членови на министрите на каолицијата ВЛЕН. Во косовската делегација која ќе го придружува Курти за време на престојот во Скопје ќе биде и вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, која со протесно писмо до македонското МНР бараше разрешување на настанот и обвинуваше за несовесно однесување.

 

Слични содржини