21
Повеќе од 50.000 луѓе се уапсени на политичка основа по масовните протести што избија по претседателските избори одржани во Белорусија во август 2020 година.
Така изјави Леонид Судаленко, член на белорускиот центар за човекови права, Вјасна. Судаленко е и поранешен политички затвореник.
Според пресметките на Центарот Вјасна, најмалку 5.472 лица се осудени за политички мотивирани злосторства, рече Судаленко.
Протестите беа поттикнати по објавувањето на изборните резултати, со што авторитарниот лидер Александар Лукашенко доби уште еден шестгодишен мандат, и покрај широко распространетите докази за измама.
Соединетите држави, ЕУ и неколку други земји одбија да го признаат Лукашенка за победник на претседателските избори.