Угостителските услуги во јули поскапи во споредба со лани

од Nikola Popovski
19 прегледи

Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4.8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6%, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4%.

Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.

Слични содржини