Познат режисер (78) се повлекува од светот на филмот: „Повеќе не излегувам од дома“

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Днајави можно повлекување од светот на филмот поради болест. Во интервју за магазинот Sight & Sound, познатиот американски режисер откри дека повеќе не излегува од дома поради здравствени проблеми.

„Поради долгогодишно пушење добив емфизем и сега сум врзан за домот, сакал или не“, откри тој и додаде дека останува без здив по кратка прошетка и дека би било опасно тој да се разболи дури и од обична настинка.

Емфиземот е хронична опструктивна болест на белите дробови предизвикана од долгорочно пушење или изложување на загадувачи. Инаку, Линч пушел цел живот, а се откажал пред две години, а поради своето здравје изразил загриженост за потенцијалната изложеност на вирусот КОВИД-19 и најавил можно повлекување од светот на филмот.

Тој откри дека тешко дека некогаш повторно ќе режира, а ако го направи тоа, нема да биде присутен на филмскиот сет. „Би се обидел да режирам од далечина, ако дојде до тоа… Но не би ми се допаднало“, објасни тој.

Да потсетиме, познатиот режисер зад себе остава богато наследство на филмови со култен статус, како што се Eraserhead и филмовите Mulholland Drive, The Elephant Man и Blue Velvet. Неговиот последен голем проект беше Twin Peaks: The Return од 2017 година, продолжение на култната серија од 90-тите.

Последниот филм што го режираше беше Inland Empire од 2006 година.

Слични содржини