Американскиот потпретседател Камала Харис го избра гувернерот на Минесота и поранешен конгресмен Тим Волц за нејзин потпретседателски кандидат, јавува Си-Ен-Ен.
Харис ја донесе оваа одлука по долг, но детален процес на селекција од шест кандидати кои претходно беа избрани во потесниот круг.
Волц беше избран од гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро и сенаторот од Аризона Марк Кели.
Харис и Валц вечерва ќе се сретнат пред демократските гласачи на првиот предизборен митинг.
Инаку, најновата анкета за ноемвриските претседателски избори покажува дека Харис води пред Трамп со 48 наспроти 44 отсто меѓу регистрираните гласачи на национално ниво.
„Морнинг Консалт“ наведува дека анкетата е спроведена во периодот од 2 до 4 август и се базира на одговорите на 11.265 гласачи.