Кумановецот Џенгиз Мусљиу уапсен во Тирана

од Milan1
123 прегледи

Обвинителството во Тирана се обрати до македонските власти со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“. Според истиот извор, Муслиу во Македонија бил осуден за кривични дела „насилство“ и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.

Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија, бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене, во тоа време ме малтретираше полицијата, рекол пред судијата Мусљиу.

Но, обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот, при влез во Албанија, излегло дека е барано лице со меѓународна потерница, наведува телевизијата.

Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција.

Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.01.1990 година во Куманово, каде и живее на ул.„Д-р Рибар“ бр.120. Се бара со наредба КУИКП бр.6/17 издадена од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.386 од КЗ (насилство) за издржување на казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр.524/14 од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) за издржување на казна затвор во траење од четири години.

Слични содржини