Филипче до Гир: Загрижен сум за политиките на новата Влада, може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси

од Milan1
407 прегледи

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир, му кажал дека е сериозно загрижен за политиките на новата влада бидејчи тие како што вели ги нарушиле позициите на Северна Македонија и шансите за продолжување на евроинтеграциите се сега влошени.

„Денеска остварив средба со евроамбасадорот Дејвид Гир. Му се заблагодарив што во неговиот мандат беше вистински пријател на Северна Македонија кој ни даде голема поддршка во остварување на нашите стратешки цели.

На средбата посочив дека сум загрижен од политиките на новата Влада што може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија.

Изразив и сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и нејасната перспектива која ја нуди на почетокот на мандатот.

Реафирмирајќи ја европската интеграција како стратешка цел на државата, истакнав дека цврсто се залагаме за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси.

СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Слични содржини