Инфлација од 3% и зголемени цени на мало во споредба со лани

од Nikola Popovski
49 прегледи

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година,
изнесува 0.7 %, соопштија од Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на
трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за
1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни
пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

-Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните
групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %. Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на
исто ниво како и во претходниот месец, информираат од ДЗС.

Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101.5. Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.

Слични содржини