Барселона утре ќе го претстави Олмо

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Барселона утре, 9 август, ќе го претстави своето ново засилување Дани Олмо. 26-годишниот Шпанец, за кого Каталонците на РБ Лајпциг ќе му платат 55 милиони евра плус уште седум милиони бонуси, вчера ги помина лекарските прегледи. Инаку, двата клуба во вторникот го договорија неговиот трансфер, по што Олмо и спортскиот директор на Барса, Деко веднаш се упатија кон Каталонија. Европскиот шампион ќе потпише договор на шест сезони. Во следната кампања тој ќе игра во дресот со број 20 во екипата на Барселона.

Според шпанските медиуми, Олмо ќе биде претставен во базата „Тито Виланова“ во 11 часот по локално време. Тој ќе го потпише договорот во присуство на претседателот Жоан Лапорта, а потоа ќе се фотографира на теренот и ќе одржи прес-конференција околу 12.15 часот.

Олмо беше дел од академијата на Барселона во периодот од 2007 до 2014 година, по што на 16-годишна возраст се пресели во Динамо (Загреб). Десет години подоцна се врати во каталонскиот клуб.

Слични содржини