Приведено едно лице поради предизвикување пожар во Прилеп

од Milan1
37 прегледи

МВР денеска соопшти дека ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против  К.Г.(54) од с.Штавица, прилепско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“  по член  288 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот на 05.08.2024 околу 09.00 часот запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото, по што бил приведен во полициска станица.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.

Слични содржини