Денеска го нема вообичаениот метеж на границата за излез од Македонија. Ако се чекаше и два часа, утринава, од камерите на ЈПДП поставени на ГП „Богородица“, може да се забележи дека нема колони возила, кои беа својствени за овој период од годината,
Во моментов, пуштени се две ленти за автомобили и може да се видат само по неколку како се упатуваат кон соседна Грција.
Сепак од АМСМ повторно информираат дека карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
Продолжениот викенд од минатата недела ги „зовре“ двата гранични премини кон Србија. Над 15.000 патници влегле, над 16.000 излегле на граничниот премин „Табановце“ додека на „Пелинце“, пак, влегле над 5.000 лица, а излегле над 1.700.
Според податоците на граничниот премин „Табановце“, од полноќ од 2/3 август годинава до 5 август, во државата влегле 15.071 патници, од кои 6.443 македонски државјани, а 8.628 странски државјани. Излез оствариле 16.737 патници, од кој 9.685 македонски државјани, а 7.052 странски државјани.