Иман Келиф по освојување на златото: Ме мразат, а не знам зошто!

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Алжирската боксерка Иман Келиф беше исклучително среќна откако го освои златниот медал во категоријата до 66 килограми, вкупно втор за нејзината земја на тековните Олимписки игри. На прес-конференцијата по големиот успех таа зборуваше за тоа дека медалот има посебно значење за неа со оглед на многуте напади на кои беше изложена во јавноста.

Келиф (178 см) лесно и убедливо (5:0) во финалето ја совлада Кинеската Лиа Јанг.

„Овој медал има посебен шарм поради сите напади. ИБА ме мрази, иако добро ме познава. Тие знаат како напредував низ годините. Не знам ни зошто ме мразат“, изјави 25-годишната Иман по победата.

„Мојата порака до целиот свет е дека треба да се посветат на олимписките принципи и да избегнуваат малтретирање и пораки на омраза. Сите сме во ова натпреварување за да настапиме како спортисти. Се надевам дека нема да гледаме слични напади во иднина“, изјави новата олимписка шампионка.

Келиф се најде во центарот на вниманието по настапот во осминафиналето, кога по 46 секунди беше поразена од Италијанката Ангела Карини. Потоа на патот до финалето беше подобра од Јанѓем Суванафенг од Тајланд и Ана Лука Хамори од Унгарија.

Во 2023 година Келиф беше суспендирана од Светското првенство во Њу Делхи поради т.н. „полов тест“, чии резултати не се обелоденети. Нејзиниот настап на Игрите во Париз предизвика поплава од спротивставени мислења во целата спортска јавност.

Истото важи и за Јутинг Лин, претставничка на Кинески Тајпеј, која не го испушти истиот третман како Келиф за време на Светското првенство во 2023 година. И таа ќе се бори за златниот олимписки медал, но во категоријата до 57 килограми. Ривалка ќе и биде Серемета од Полска, а борбата е закажана за денеска од 21 часот и 30 минути.

Слични содржини