Камила Кабељо оваа недела се одмараше на плажа во Сан Диего. Облече жолто бикини и не се грижеше дали ја фотографираат или можеби треба да позира, за да изгледа што подобро.
Пејачката, која три пати беше номинирана за наградата Греми, претходно зборуваше за своето тело и зошто сака да го покажува онака како што навистина изгледа.
Таа се пофали со обликот на телото и фигурата во видео што го објави на TikTok.
– Го сакам своето тело – напишала во описот.
– Само трчав во паркот грижејќи се за сопствената работа, се обидував да бидам во форма, се обидував да го одржам здраво. И јас носам топ кој го покажува мојот стомак, а го немам „напикано“.
Таа во следниот кадар го покажа голиот стомак под црн спортски градник и продолжи да зборува за своето тело.
– Само трчав и постоев како нормална личност која не го вовлекува постојано стомакот. Но, тогаш се сетив дека бев во војна со моето тело минатата сезона. Благодарна сум за ова тело што ми дозволува да го правам она што треба да го правам. Ние сме вистински жени со облини и целулит, стрии и вишок.
Кабељо го заврши видеото со преработка на песната на Арета Френклин, тргнувајќи со раката по торзото и велејќи: „Дајте му нешто што може да го почувствува!“.
@camilacabello i luv my body