📷Селена Гомез ги поттикна гласините за веридба со нова фотографија

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Селена Гомез (32) неодамна сподели селфи на својот Инстаграм профил, а поради еден детал многу обожаватели веруваат дека таа се верила тајно. Таа објави фотографија на која позира пред огледало во тоалет, но прстенот на левата рака го покри со емотикон во форма на срце, што предизвика гласини дека таа и нејзиното момче Бени Бланко се верени.

Селена и нејзиното момче Бени Бланко претходно зборуваа за венчавката, а фотографијата дополнително предизвика сомнеж кај нејзините обожаватели.

„Дали го крие вереничкиот прстен?“, „Сигурно се верила“, „Го крие прстот. Верени ли се?“, стои во коментарите на социјалните мрежи.

Селена ја откри врската со Бени кон крајот на минатата година. Тогаш рече дека се гледаат шест месеци и дека тој е „најдоброто нешто што и се случило“.

– Сè уште е подобар од сите со кои сум била. Факт. Со мене се однесува подобро од кое било човечко суштество на планетата – истакна тогаш таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Слични содржини