Јунајтед купи двајца играчи на Баерн за 70 милиони евра

од Nikola Popovski
38 прегледи

Манчестер Јунајтед купи двајца игрчи на Баерн, пренесува спортскиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо. Најпрво беше договорен трансферот на десниот крилен играч Нусаир Мазрауи (26) за 20 милиони евра со можни бонуси, по што паднал и договор околу стоперот Матијс де Лихт (24) за 45+5 милиони евра.2

Јунајтед на тој начин се чини дека го реши прашањето со одбраната за претстојната сезона. Претходно од Лил го доведе и стоперот Лени Јоро за 62 милиони евра. Паралелно со двата трансфери, се договорија и за една продажба во Манчестер, па десниот бек Арон Ван-Бисака ќе замине во Вест Хем за 17,5 милиони евра, пишува Романо.

Ова ќе биде трет клуб каде Де Лихт и Мазрауи ќе играат заедно. Двајцата започнаа во Ајакс, каде што ги предводеше сегашниот тренер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг. Де Лихт потоа замина во Јувентус во 2019 година за 85,5 милиони евра. По три години беше продаден на Баерн за 67 милиони, а Баварците истата година бесплатно го донесоа и Мазрауи од Ајакс.

Слични содржини