Disney откри детали за продолженија на неколку блокбастери

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Disney откри детали за продолженијата на познатите филмови од Star Wars, Freaky Friday, до Frozen и Toy Story, како и насловот на третиот дел од Avatar, беше објавено на големата конвенција организирана од компанијата за обожаватели во Калифорнија во близина на Дизниленд.

Режисерот Џејмс Камерон изјави дека третиот дел од познатиот филм ќе се вика Avatar: Fire and Ash и нагласи дека новиот филм не е она што публиката го очекува, но дефинитивно е она што го сака, пренесува Би-би-си.

Ѕвездите на комедијата Freaky Friday од 2003 година, Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис, исто така, се појавија на собирот за да го промовираат новиот дел, чија премиера е закажана за 2025 година.

Слични содржини