Батум се прости од француската кошаркарска репрезентација

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Николас Батум го одигра својот последен натпревар во дресот на француската репрезентација на Олимписките игри во Париз.

Одличниот кошаркар со соиграчите го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Соединетите Американски Држави.

„Време е да се каже доста е. Го носев овој дрес 15 години, четири пати бев на Олимписки игри, четири пати на Светски и четири пати на Европски првенства. Направив се што требаше да се направи, освоив седум медали. Пресреќен сум“, изјави Батум.

Французинот има 35 години и ја продолжува кариерата во НБА.

Следната сезона тој ќе го носи дресот на Лос Анџелес Клиперс, тим за кој настапуваше од 2020 до 2023 година.

Слични содржини