СДСМ: Владата се согласила да не го распушта Судскиот совет и Советот на обвинители

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Владата на Мицкоски е фатена во нова лага. Додека јавно вели дека „не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет“ во официјален документ, потврден од Владата на Мицкоски, се согласила да се менуваат “само членовите на Судскиот совет на кои им е истечен мандатот“, наведуваат денеска од опозициската СДСМ.

Во партиското соопштение се додава:

Документот е дел од преземените обврски од реформската агенда за Планот за проширување и медиумите веќе ги објавија овие делови со кои се согласила Владата на Мицкоски.

По кој пат Мицкоски дома кажува едно, а надвор прави друго? Или пак е решен да не планира да го спроведува Договорот со Европската комисија и да се откаже од реформите?

А реформите во правосудството се можни само со спроведување на 40-те препораки од оценската мисија на ЕУ, со поддржка и мониторинг од меѓународната заедница.

Освен секојдневните скандали и афери, недоследноста стана одлика на Владата на Мицкоски. Едно се кажува во јавноста, друго далеку од очите на граѓаните, трето се прави, се менуваат ставови преку ноќ и се лаже на големо. Тоа е скандалозно само по себе.

Слични содржини