Америка очекува нападот врз Израел да започне во следните 24 часа

од Milan1
84 прегледи

Според „Фокс њуз“ , Иран и неговите сојузници на Блискиот Исток би можеле да извршат напад врз Израел во следните 24 часа!

Иран се закани со голем напад врз Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатиот месец. Израел се уште не ја презел одговорноста за атентатот.

Според израелскиот новинар Барак Равид, Иран, наводно, ги подготвил своите ракетни и беспилотни летала, исто како пред  нападот  врз Израел во април.

Репортерот на својот профил на социјалната мрежа Х рече дека официјалните лица нагласиле дека ниту Израел ниту САД не можат да го предвидат точното време на одмазднички напад со кој Иран се закани поради убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатиот месец.

За време на својот прв директен напад врз еврејската држава, Иран истрела околу 300 проектили и беспилотни летала кон Израел ноќта меѓу 13 и 14 април, од кои повеќето беа соборени.

Слични содржини