📹Светски познат бренд лансираше нов парфем, но овој пат за… кучиња

од Vladimir Zorba
10 прегледи

„Долче и Габана“, познатиот моден бренд, лансираа парфем за кој велат дека е „харизматичен“ и „нежен“. Немаше да биде преголема сензација ако парфемот не беше за најдобриот пријател на човекот – кучето.

Инспириран од безусловната љубов на Доменико Долче кон неговото верно куче Фефе, истоимениот парфем излезе на пазарот.

Парфемот е сертифициран за употреба на животни и не содржи алкохол.

Тој е нежен и харизматичен, а е специјално дизајниран за енергични кучиња кои уживаат во играњето.

Парфемот предизвика бројни реакции, а неговата цена е „безначајни“ 99 евра. Можни се купувања во Соединетите Американски Држави, Европа, а може да се нарачаат и на веб-страницата на „Долче и Габана“.

Сепак, многу ветеринари реагираа и рекоа дека парфемот за кучиња е „непотребен“ и може да предизвика повеќе штета отколку корист.

Британското кралско здружение за спречување на суровост кон животните предупреди дека не се препорачува да се меша со сетилото за мирис на кучето, со ставање дополнителен мирис врз нив што може да ја попречи способноста на кучето да се поврзе со околината. Сетилото за мирис е најизразеното сетило кај кучето, а со тоа му помага да го запознае светот, но и да препознае луѓе, други животни, храна и друго.

Рекламата ја воодушеви јавноста, а како што најавуваат од модната куќа – „парфемот ќе ги воодушеви и кучињата“.

Слични содржини