На одбележувањето на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор, Европскиот фронт организираше Академија за легитимитет, каде што ја претстави својата политичка платформа, фокусирана на зачувување и рефлектирање на мултиетничкиот карактер на државата. Основната цел на платформата е да се обезбеди „Влада со етнички легитимитет“, што ќе го зајакне Охридскиот договор и уставниот поредок на државата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање посочи дека денешниот ден е значаен за сите заедници во Северна Македонија. „Сите треба да обрнат внимание кога се гази легитимноста. Ние од Фронтот сме тие кои бараме правда и нема да бидеме аргати на никого,“ истакна Ахмети. Тој нагласи дека добрите меѓуетнички односи помеѓу Македонците и Албанците се клучни за иднината на државата.
Ахмети, исто така, предупреди дека „Македонците како народ можат да напредуваат само во соработка со Албанците. Во спротивно, ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и Грците.“ Тој додаде дека историјата не заборава и дека „Европскиот фронт“ нема да престане да се бори за заштита на легитимноста.
Според Ахмети, Охридскиот договор е спас за Албанците и Македонците, а државата се движи напред само со рамноправност меѓу заедниците. „Имотот на кој мислеа во деведесеттите години нека го заборават, затоа што сопственици сме заедно,“ рече Ахмети, повикувајќи на размислување за иднината во светло на актуелните политички и безбедносни предизвици во Европа.
Историјата, нагласи тој, не заборава и „Европскиот фронт“ нема да запре во заштита на легитимноста и за таа цел, како што најави „ќе дискутираме и правиме консултации со професионалци, експерти домашни и меѓународни кои се однесува и со самото изготвување на Охридскиот рамковен договор“.
„Браќа и срестри овој момент нека ни послужи за мобилизација затоа што ние сме победници, затоа што ние сме правдата. Никогаш не сме работеле позади грб на народот и на никого не сме погрешиле. Без никакво размислување ќе продолжиме со работа затоа што годините се привремени, иднината ви следува на вас кои за 23 години сте биле навистина чувари на еден Рамковен договор, кој е постигнат со крв не само со борците, туку и со крваа на претходните генерации. Ние сме господари на гордоста, на националната гордост и на државотворноста на нашата Република затоа што ние не гледаме друга иднина, некаде на друго место, затоа што не сме дојдени од некоја друга далечна земја, но генерациски заедно под Сонцето сме на простори и судбината на оваа земја ќе ја поделиме заедно со македонската заедница и заедно ќе бидеме посилни“, порача Ахмети.
На Академијата, Бујар Османи ја презентираше предлог-платформата за легитимитет, нагласувајќи дека Охридскиот рамковен договор е темелот на мирот и стабилноста во Северна Македонија. „Игнорирањето на политичката волја на албанската заедница е спротивно на уставните принципи,“ изјави Османи. Тој повика на мерки кои ќе го зачуваат мултиетничкиот карактер на државата и ќе обезбедат правилна имплементација на Охридскиот договор.