Познато кога ќе започне случајот против Манчестер Сити

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Англискиот клуб Манчестер Сити ќе се појави на суд на 16 септември, информира ЕСПН. „Граѓаните“ се обвинети за 115 прекршувања на правилата од Премиер лигата, но и од УЕФА.

Англискиот шампион е предмет на истрага од 2018 година, која траеше пет години и откри не помалку од 115 прекршувања на прописите на Премиер лигата и УЕФА.

Обвинувањата опфаќаат период од 14 години, почнувајќи од сезоната 2009/10, при што 54 од нив се дека клубот не обезбедил точни информации. Четиринаесет пријави се за неточни податоци за исплата на играчите и тренерите, седум се за прекршување на правилата за профит и стабилност во Премиер лигата, пет се за непочитување на правилата на УЕФА, вклучително и финансискиот фер-плеј.

Клубот од Манчестер е обвинет дека не ја објавил деталната плата на поранешниот менаџер Роберто Манчини, кој тренираше во периодот 2009-2013 година, како и дека криел исплати на некои играчи, меѓу кои и Јаја Туре. Има и обвинувања дека биле регрутирани малолетни фудбалери.

Клубот на Пеп Гвардиола ризикува испаѓање, но тешко дека судот ќе изрече таква казна, со поголема веројатност на тимот да му бидат одземени поени. На Евертон минатата сезона му беа одземени вкупно 8 поени за помали прекршоци.

Слични содржини