Англискиот репрезентативец Кол Палмер го продолжи договорот со Челси за две години и сега е врзан за клубот од „Стемфорд Бриџ“ до летото 2033 година, пренесува Дејвид Орнштајн. Лондончани го привлекоа минатото лето од Манчестер Сити за 40 милиони фунти плус бонуси во износ од уште 2,5 милиони. Потоа потпиша договор на 7+1 година, кој сега е продолжен на уште две години.
Палмер имаше одлична прва сезона во која постигна 25 гола и даде 15 асистенции на 45 натпревари за Челси во сите натпреварувања. Поради ова, раководството на клубот одлучи да го награди талентот со нов договор, според кој Палмер треба да добие поголема плата.
Клубот допрва треба официјално да ја потврди веста, но објави фотографија од Палмер на нивниот Х профил, навестувајќи што следува.