Ударни вести од Островот: Сити потпишува со ас на Ливерпул за 70 милиони евра!

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Како гром од ведро небо дојде веста дека Манчестер Сити се договорил за трансфер на Луис Дијаз од Ливерпул! Медиумите на Островот брмчат дека целата работа треба да чини 70 милиони евра.

Дијаз и Сити тајно ги одработија сите детали од петгодишниот договор, пред се да открие шпанскиот новинар Маркос Бенито, кој дозна дека пропаднал трансферот на Саму Омородион во Челси од Атлетико.

Тој отиде понатаму со тврдењето дека „граѓаните“ ќе понудат 70 милиони евра за Дијас, па ќе биде интересно да се слушне каков ќе биде одговорот од „Енфилд“. Сепак, фактот дека трансферот оди во позитивна насока говори дека Ливерпул веќе почнал да бара замена за Колумбиецот.

Секако дека ќе биде голем удар за „црвените“ доколку на само неколку дена пред почетокот на Премиер лигата загубат еден од најважните играчи.

Го пуштија Фабио Карваљо во Брентфорд и заработија 32 милиони евра, па на левото крило би го имале само Диого Жота кој се мачи со повредите и Коди Гакпо.

Би имале време да реагираат до крајот на преодниот рок, но прашање е како го гледаат засилувањето на еден од најголемите конкуренти. Секако, допрва чекаме да видиме како ќе се одвива приказната, но веќе се готви нешто.

Сити досега беше изненадувачки неактивен во однос на нови засилувања, а веќе остана без Хулијан Алварез, кој замина во Атлетико Мадрид за 90 милиони.

Слични содржини