Собранието го усвои законот: Охридското Езеро и Кањонот Матка се прогласени за споменици на природата

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Македонското Собрание во текот на вчерашниот ден усвои Закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен, заптитен статус.

Охрдиското Езеро и Кањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, а Студенчишко Блато кај Охрид, доби статус парк на природата.

Владата уште минатата година донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитно подрачје од трета категорија, додека ваква одлука за Охридското Езеро беше донесена на почетокот на оваа година.