Гихун се враќа во акција во нов тизер за долгоочекуваната втора сезона на „Squid Game“ на Netflix.
Ли Јун-је повторно е во главната улога на шампионот и единствениот преживеан натпреварувач во смртоносната игра, а во тизерот ги гледаме останатите играчи во зелени тренерки одзади.
Втората сезона се одвива три години откако Гихун го освои првото место во играта и се откажа од заминувањето во САД, решен да им се одмазди на организаторите. Тој повторно ќе ја започне борбата за опстанок, но како поинаков, посериозен лик, како што најави режисерот на серијата Хуанг Донг-хик за „Deadline“.
Инаку, Хунаг влезе во историјата како првиот човек од Азија кој ја добил наградата Еми за режија на серија во категоријата драма, а Јунг-јае првиот Азиец кој ја добил наградата за најдобар актер во драмска серија.
„Squid Game“ е исто така најпопуларната серија во историјата на Netflix, со 1,65 милијарди прегледи во првите 28 дена од нејзината премиера во 2021 година.
Откако Netflix објави дека втората сезона ќе биде достапна од 26 декември, беше објавено и дека третата сезона ќе биде последна и ќе се прикажува следната година.