Таравари уште на 2 август честиташе за ослободување на припадникот на ОВК Блерим Рамадани 

од Илинка Илиоска
371 прегледи

Министерот за здравство од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари ослободувањето на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани кој сега е во бегство, го честиташе уште на 2 август.

– Го поздравувам ослободувањето на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани!
Неговото ослободување беше мисија што ја исполнивме и неговата слобода не прави сите среќни! – гласи пораката која Таравари ја објави на неговиот Фејсбук профил на почетокот на август, пред Кривичниот суд во Скопје да ја донесе одлуката да не биде екстрадиран.

Блерим Рамадани од вчера е во бегство. МВР за „ Локално“ потврди дека од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница бидејќи во моментов тој е недостапен за органите на прогонот. Полицијата презема мерки за неговото пронаоѓање.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово на 9 август соопшти дека судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје донел одлука Блерим Рамадан да не биде екстрадиран во Србија.

Рамадани беше приведен на 17 јули на граничниот премин Јажинце, врз основа на потерница издадена од Србија во Интерпол. Неколку дена беше во екстрадициски притвор во Шутка, а потоа пуштен во домашен притвор на адреса во Скопје каде што требаше да остане во домашен притвор во Скопје до конечната одлука на Врховниот суд.

Слични содржини