📹Адел настапи на пороен дожд: Ако престане да врне додека го пеам ова, ќе бидам многу лута

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Адел овој месец настапува во Минхен, а пред синоќешниот концерт организаторите ги предупредија обожавателите на лошо време. За време на концертот почна да врне силен дожд, но пејачката продолжи да пее под дождот, а снимката стана вирална.

„Ако престане да врне кога пеам „Set fire to the rain“, ќе бидам многу лута“, се пошегува таа, а толпата почна да се смее.

Пејачката во еден момент поради обилниот дожд мораше да ги замени чевлите со високи потпетици со патики, па се пошегува пред 80.000 луѓе.

„Мојот маж ќе биде многу среќен кога ќе види што правам. „Душо, погледни го ова, носам New Balansees на откачена сцена пред 80.000 луѓе, апсолутно лудо“, рече таа.

Да потсетиме, британската ѕвезда неодамна на концерт откри дека е свршена, а за време на настапите ги коментираше и Олимписките игри и се осврна на настапот на австралиска брејкденсерка, кој стана вирален.

Слични содржини