Силвестер Сталоне и го честиташе роденденот на својата сопруга Џенифер Флавин објавувајќи неколку заеднички фотографии од минатото на Инстаграм, меѓу кои и онаа на која позира со сопругата во гаќи за капење Спидо.
„Среќен роденден на мојата сопруга Џенифер! Јас и нашите деца мислиме дека си апсолутно неверојатна. Те сакаме засекогаш”, ѝ напиша тој, а неговата објава собра повеќе од 300.000 лајкови.
Инаку, ова е трет брак на актерот. Двојката се запознала во 1988 година, кога таа имала 19, а тој 42. Сталоне раскина со неа во 1994 година, откако беше откриено дека ја изневерил со супермоделот Џенис Дикинсон. Имено, Џенис останала бремена и се верувало дека актерот е таткото, но откако ДНК тестот покажал дека тоа не е така, Џенифер се вратила. Тие се венчаа една година подоцна и имаат три ќерки, Софи, Систин и Скарлет.
Гласините за брачни проблеми започнаа кога актерот ја прикри тетоважата на сопругата и ја замени со тетоважа од куче, а шпекулациите беа потврдени кога Џенифер поднесе барање за развод во 2022 година, по 25 години брак. Сепак, тие успеале да ги решат проблемите и да го спасат бракот.
„Одлучија да се сретнат дома, каде што разговараа и ги решија несогласувањата. И двајцата се исклучително среќни“, открил тогаш извор близок до семејството.