Трамп: На состанокот во јули побарав од Нетанјаху брз крај на војната во Појасот Газа

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп изјави дека на последната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во јули, му рекол на израелскиот премиер брзо да ја прекине војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

„Тој знае што прави и јас го охрабрив да го заврши брзо. Мора брзо да заврши, тие мора да победат и да го завршат. Убиствата мора да престанат“, рече Трамп, а пренесе Ројтерс.

Трамп ги нарече пропалестинските демонстранти во САД „про-Хамас насилници“ и „симпатизери на џихадот“ и додаде дека доколку биде избран, ќе ги уапси и депортира.

Слични содржини