Арне Слот е задоволен од состојбата на Ливерпул и покрај недостигот на трансфери

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Арне Слот не успеа да ги привлече играчите што ги сакаше во Ливерпул, но менаџерот е задоволен од состојбата на тимот пред почетокот на Премиер лигата овој викенд. „Црвенте’ ќе започнат со гостување против повратникот во елитата Ипсвич.

Слот, наследникот на пензионираниот Јирген Клоп, призна дека преговарал со играчот од средниот ред Мартин Субименти, кој, сепак, претпочитал да остане во Реал Сосиедад. Холанѓанецот додаде дека не можел да најде други играчи кои се способни да ја подигнат класата на неговиот тим.

„Одиме напред со оние што ги имаме“, рече Слот, цитиран од Ројтерс.

“Ватару Едно добро се подготви и играше добро на натпреварите. Субименди реши да го одбие трансферот, иако направивме апсолутно се што беше во наша моќ. Ако некој играч одлучи да не дојде, тогаш очигледно не сака да го направи тоа”.

Слот рече дека е задоволен од тоа колку брзо играчите на Ливерпул го сфатиле неговиот стил.

„Јирген го остави тимот во многу добра состојба и ние само се обидуваме да се надградиме, а не да менуваме сè. Всушност, не сме смениле многу бидејќи работите веќе се вклопуваат добро. Имам среќа бидејќи играчите веќе го знаат мојот стил речиси целосно. Само се фокусиравме да подобриме некои работи“, продолжи холандскиот тренер.

„Минатата сезона истиот тим на Ливерпул се бореше за трофеи до крајот. Се надевам дека тоа ќе се повтори и во новата.“

Поранешниот тренер на Феенорд е нов во Премиер лигата, но знае дека нема лесни натпревари во Англија.

„Ипсвич се справи многу добро во последните години под овој менаџер (Киран Мекена). Ќе биде интересно да се види што ќе се случи утре“, додаде тој.

Слични содржини