Јетон Бучи од ДУИ е нов директор на ЈП „Паркови и зеленило“ објавија на Фејсбук од неговата партија.
-За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува на Фејсбук страната на ДУИ.
Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.
-Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, објавија во вторникот на Фејсбук страната на Град Скопје.