Црвен Крст со 4 нови санитетски возила ќе им помага на граѓаните да дојдат до болница

од Илинка Илиоска
20 прегледи

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска го посети Црвениот крст во Скопје, по повод промоција на нивното партнерство околу санитетскиот транспорт.

Во изјава за медиуми, Таравари рече дека денеска, на Меѓународниот ден на хуманоста, промовираат проект со наслов „Да делуваме хумано“.

– Се работи за промоција на четири возила што ќе бидат подготвени во секој момент да помагаат на луѓе кои се болни, возрасни, изнемоштени, со посебни потреби, кои не можат да ангажираат некого од семејството или некој близок, да ги однесе да завршат одредени работи, појасни министерот, најавувајќи го и проектот „Итно копче“, планиран да функционира 24/7 за сите овие пациенти.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје, појасни дека проектот се спроведува веќе три години во главниот град на државава, од денеска партнер станува и Министерството за здравство, а се разгледува можноста и да се прошири во други градови.

Слични содржини