🎥Бајден со солзи во очите на конвенцијата на демократите: „Ве сакам“

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден им се обрати на учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго, предавајќи и ја „палката“ на Камала Харис како кандидат на партијата на ноемвриските избори за претседател на САД.

Долги овации го дочекаа Бајден како херој по неговата одлука да се повлече од претседателската трка, а американскиот претседател рече дека „дал се од себе“.

Отворањето на конвенцијата во Чикаго беше дизајнирана да го поддржи грациозното излегување на актуелниот претседател и да му даде поттик на Харис да влезе во трката за претседател на САД со републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Во својот говор на конвенцијата, Бајден рече дека нема лоша волја за претстојниот крај на неговиот мандат – и покрај извештаите за спротивното – и ја повика партијата да се обедини околу Харис.

„Направив многу грешки во кариерата, но дадов се од себе за вас“, рече тој.

Зборувајќи јасно и силно, Бајден уживаше во можноста да го одбрани своето досие, да застане во одбрана на својот потпретседател и да го нападне Трамп.

Во понеделникот, тој зборуваше како што Америка го памети по победата на изборите во 2020 година, и се чинеше дека нема знаци на нејасни перформанси како за време на дебатата со Трамп во јули, што го предизвика неговото повлекување.

Видно емотивен кога излезе на сцената, Бајден беше пречекан со четириминутни овации и скандирања „Ти благодарам Џо“.

„Америко, те сакам“, одговори тој.

Слични содржини